• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани

Она што претставува вистинска штета е што додека Владата и Градот си ја префрлаат топката едни на други, едните велат дека на другите им должат два милиони евра, а првите велат дека не е точно. Најмногу трпат граѓаните кои се вработени во ЈСП кои се над илјада семејства кои не добиваат плата редовно, и оние кои ги користат услугите на ова јавно претпријатие, а чие користење е доведено во прашање, рече советникот во Град Скопје, Луке Галески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него „она што е вистинска штета е дека дури и да ја донесеме оваа одлука денес која ќе ги залечи раните на претпријатието нема да го реши проблемот, прашање на време е кога повторно ЈСП ќе заглави вака, иако помагаме не го решаваме проблемот затоа што изворот на проблемот е двостран Владата и неспособноста на градската админиситрација“.

Галсеки истакна дека прашања кои заслужуваат одговори се: “зошто ако Владата должела два милиони евра на ЈСП, Градот и Арсовска не кажаа збор за тоа дека на пример Клинички должи два милиони евра на Водовод каде Арсовска си направи политичко харикири, зошто директорот на Улици и патишта молчи што Градот му должи милион евра и зошто ако сето ова го има на товар Арсовска со толку многу долгови прави тендери и троши пари за анкети“.

– Госпоѓо Арсовска вака ако продолжите вашиот рејтинг оди кон нула. Помина месец дена од политичкото разидување со ВМРО-ДПМНЕ, а денес на дневен ред разговараме за банкротирано претпријатие, банкрот, хаос, огромни долгови, матни ликови за кои се говори дека одат по институции и договараат тендери, и една политички чудна но логично криминална и медарски расположена коалиција составена од една партија на власт, друга партија на власт која што полутајно ја поддржува градоначалничката и секако Арсовска со неколку луѓе околу неа. За жал вака изглледа Скопје кога Арсосвска го води, рече Галески.

Тој укажа дека за прв пат по формирањето на ЈСП, претпријатието не е во состојба да ја извршува функцијата за која е формирано. Тоа, додаде Галески, говори дека менаџерката на Градот не менаџира со она што е основна функција на претпријатието и за ова може да се бараат изговори во ВМРО-ДПМНЕ, но факт е дека таа си го постави директорот.

– Директорот е предвесник на полутајната коалиција. И да ги кажеме состојбите какви што се, зошто СДСМ за состојбите во ЈСП го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, на вакво прашање не треба да се ловат политички поени, но доколку ги гледаме низ политичка призма јасно кажува фотографијата на која до директорот во седиштето на СДСМ седат советници од СДСМ и ова кажува дека не е професионален кадар, туку кадар по медарскиот карактер на Арсовска.

Галески потенцираше: „жално е што се расправа за ова, градоначалничките имате мед, медот го добивате, ама треба да знаете дека по медот доаѓа и пелинот, со здравје да си го носите“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“
Вести

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Следна вест
Едукативни работилници во општина Центар

Едукативни работилници во општина Центар

Најнови вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.