• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Голема драма во Негорци: МЗТ го совлада ТФТ во самиот финиш

14/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
МЗТ Скопје ја прегази Јахорина и дојде до нова победа во АБА2

МЗТ Скопје Аеродром оствари минимална победа на гостувањето кај ТФТ Скопје со 70:69 во натпревар од последното 18. коло во регуларниот дел од домашното кошаркарско првенство. Средбата се одигра во Негорци, а актуелниот шампион со овој триумф го потврди првото место пред почетокот на Суперлигата.

Натпреварот понуди неизвесна борба во текот на сите 40 минути, при што двете екипи наизменично се менуваа во водство. МЗТ подобро го отвори мечот и брзо создаде предност од девет поени (15:6), но ТФТ постепено се врати во игра и до крајот на првото полувреме направи пресврт, заминувајќи на пауза со водство од 33:29.

Во продолжението домаќините ја задржаа контролата и во еден момент стигнаа до двоцифрена предност од 47:37, а подоцна водеа и со 52:42. Во последната четвртина влегоа со предност од шест поени, а во еден момент имаа и водство од 56:48.

Сепак, кошаркарите на МЗТ тогаш одиграа одлична серија и со 17:1 направија голем пресврт, поведувајќи со 65:57. ТФТ не се предаде и успеа постепено да ја намали разликата, па во последната минута резултатот беше израмнет на 69:69.

Домаќините имаа напад за победа, но направија грешка во чекори, со што му дадоа можност на МЗТ за последен напад. Во самиот финиш Ташовски направи фаул на две секунди до крајот, по што Мекјуел Смит го реализираше првото слободно фрлање за водство од 70:69. Второто намерно го промаши, а ТФТ немаше доволно време да организира напад, па МЗТ се радуваше на победата.

По 18 одиграни кола, МЗТ Скопје има 17 победи и еден службен пораз и како лидер ќе влезе во Суперлигата. ТФТ е на втората позиција со учинок од 16 победи и два порази. Следуваат Пелистер со скор 13-5, Куманово, Маџари и Чаир со по 9-9, Тиквеш со 8-10, Работнички со 7-11, Феникс со 6-12, Гостивар со 4-14 и Ангели со 1-17.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
За брзо возење на територија на Македонија казнети 481 лице

МВР со апел до возачите: Денеска протест и посебен режим на сообраќај

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.