Денешниот ден во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе две убедливи гостински победи. Силекс со 3-0 го надигра Работнички во Скопје, додека АП Брера со 3-1 го победи Шкупи.
Силекс рано го реши натпреварот – Мирчевски постигна два брзи гола во 10. и 13. минута, по што Додев во 44. минута ја заокружи високата предност за тимот од Кратово.
АП Брера, пак, го прекина негативниот циклус од три порази, славејќи против последнопласираниот Шкупи. Стрелци за победничкиот состав беа Макиќ (7’), Ивановски (17’) и Тодоров (51’), а Шкупи стигна само до утешен гол преку Шуку во 85. минута.
Последниот натпревар од ова коло ќе се одигра в понеделник, кога Арсими во Гостивар ќе го пречека Пелистер.
Во моментов врвот на табелата изгледа вака: Вардар 42, Струга 41, Шкендија 36, Силекс 31, Башкими 22, Арсими 21 (-1), АП Брера 19, Тиквеш 18, Македонија ЃП 15, Пелистер 15 (-1), Работнички 7 и Шкупи 1.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












