• Импресум
Wednesday, June 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Градоначалникот на Кисела Вода со јасна порака: Јас ја барав поддршката од граѓаните а не од градежни тајкуни и инвеститори,

01/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Градоначалникот на Кисела Вода со јасна порака: Јас ја барав поддршката од граѓаните а не од градежни тајкуни и инвеститори,

радоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вечерва беше гостин во емисијата ,,Што не е јасно” која се емитува на телевизија Алфа.

Говореше за ревизијата на работењето на претходната администрација која ја најави и кажа дека надвор државната ревизија која постапува во неколку општини, распишал тендер на кој за жал не се пријавила ниту една ревизорска фирма, но тоа не значи дека се откажува туку напротив, постапката се повторува бидејќи сакал, како што вели, релевантни институции да го докажат тоа за кое се сомневаат, односно да се открие потенцијален криминал во општина Кисела Вода.

– Јас нема да излегувам со медиумско напаѓање и нагаѓање, туку јас ќе влезам со конкретни работи. Тоа им го должам на граѓаните и тоа им го должиме со години наназад, да видат дека конечно има правда. Ова не значи дека јас потврдувам нешто, но ова значи дека јас сум добар менаџер и има институции кои ќе го потврдат тоа што можеби јас се сомневам.
30 години е таков системот во Република Македонија, за жал, некој за две кила банани лежи пет години затвор, некој ќе дојде со ,,фичо” или ,,101”на функција и преку ноќ ќе се обогати, ќе го опљачка народот, народот ништо нема да добие за возврат и на крајот нема никаква одговорност. Јас лично сум против таков систем на функцонирање. – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски говореше и за битката со урбаната мафија која ја започна и рече дека тук аима неколку недоречености во нашите закони, односно има некои работи кои не се ни дозволени но не се ни забранети и тоа многу пати во минатото било можност да на некој му се дозволи да направи одреденана отстапка и во таа ситуација секогаш страдале нашите сограѓани.

-Јас барав поддршка од моите сограѓани, јас не барав поддршка од градежни тајкуни, не барав поддршка од инвеститори итн и мојата функција и начинот на кој ја практикувам власта ја должам исклучиво на моите сограѓани и тука не правам толеранција на никој од другиве. Многу е добро во политиката и тоа одговорно го тврдам кога ќе влезете без никаква хипотека кон никого и на никој нема да должите, или што би рекол народот – нема некој да ве држи за уво па да вие мора да постапувате за некој да се богати, што обично било случај во минатото. – рече Ѓорѓиевски.

Тој потенција дека започнале две постапки, односно сите ДУП-ови кои до сега биле држени во фиока, јавно и транспарентно ги извадиле на увид на граѓаните и со тоа се оставило простор на граѓаните до 31ви јануари да дадат забелешка, сами да си ја креираат судбината и нивната околина. Кажа и дека започнале со отстранување на дивоградбите и тоа да не се сфаќа лично бидејќи нема проблем со него, туку има со законите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент
Вести

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

17/06/2026
Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир
Вести

Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир

17/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Жителите на Црниче, Банско и Караџица утрово останаа без вода

17/06/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Руски напади врз Славјанск и Запорожје: Загинати цивили и голема материјална штета

17/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Променливо и топло време: Попладне следува нестабилност во повеќе делови од земјата

17/06/2026
Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози
Вести

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 1 февруари

Најнови вести

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

Клучен ден за Македонија во Европскиот парламент

17/06/2026
Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир

Три гола на Меси за триумф на светскиот шампион против Алжир

17/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Жителите на Црниче, Банско и Караџица утрово останаа без вода

17/06/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Руски напади врз Славјанск и Запорожје: Загинати цивили и голема материјална штета

17/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Променливо и топло време: Попладне следува нестабилност во повеќе делови од земјата

17/06/2026
Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.