• Импресум
Tuesday, March 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Груевски: Не постои никаков скриен имот, стан или земјиште

24/03/2021
A A

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија по повод денешните претреси, вели дека нема скриен имот.

Тој во објава на Фејсбук даде свое видување за претресите. Вели дека власта го вознемирила неговото семејство.

„Денес, репресивните органи на власта, речиси две и пол години по моето заминување од Македонија и добивање азил во Унгарија, во 06 часот изутрина упаднаа во станот каде живеат моите две деца и сопругата со цел да извршат претрес. Немале потреба да прават такви вознемирувања на моето семејство и особено на децата, бидејќи што и да побарале ќе им било дадено. Освен ако тоа вознемирување не било една од целите. Како што на јавноста одамна и е познато јас низ годините наназад користев два стана во сопственост на мојата мајка купени на кредит пред дваесетина години. Покрај тоа, во одреден период имав извршено и закуп на два други стана на истиот кат каде живеев а од кои имав потреба, и кои се со помала квадратура, за што поседувам договор за закуп од сопственик со кој немам никаква поврзаност. Не постои ништо друго надвор од тоа. Не постои никаков скриен имот, стан или земјиште. Ниту сум купил, ниту платил, ниту продал било какво земјиште, стан или друг движен и недвижен имот, што впрочем може да се провери и во катастерот. Надвор од ова, мојата мајка не поседува никаков стан во Арродром. Поседува стан во Капиштец купен на кредит во 1984 година. Не постои некаков мој стан на име на моја секретарка како што денес напишаа дел од медиумите“, пишува Груевски.

Екс премиерот тврди дека не земал пари од партијата.
„Напамет не ми паднало да земам пари од партијата или чланарини од членството за да купувам имот. Впрочем ако целта ми била да живеам во голема удобност имав можност како премиер заедно со семејството да се преселам и десетина години да живеам во многу поголема, побезбедна и поудобна државна вила, што не го направив. Подолг период власта врши притисок, уцени и закани врз лица да ги натераат да бидат лажни сведоци дека нешто што е нивно или нечие, било мое. Употребуваат најбрутални методи од најниски лични уцени и тешки закани по нивната слобода, семејство и имот, па до одредување притвори и други нечовечки методи. Целта им е да ме обвинат за некаков скриен имот, а со тоа и за перење пари, за “да докажат” некакви перење пари кое непостои. Освен што е потребно да докажат дека нешто наводно поседувам а кое не е пријавено, за да ме обвинат со квалификација “перење пари”, согласно Законот, потребно е да докажат и од каде се парите за истото да се купи. Оттука немајќи што друго да кажат или смислат, одат на тоа дека сум користел партиски пари, што е безочна лага и невистина. Тоа го прават затоа што не знаат што друго да смислат за да ја затворат лажната конструкцијата за која имаат исклучително политички мотиви и која е дел од политичкиот прогон против мене и обид за мое оцрнување и преставување во очите на јавноста тоа што не сум. И веројатно тука нема да запрат. Покрај ова, во услови на секојдневни криминални афери на власта, неработење, национални предавства и неуспеси, тотално потфрлање со справувањео со пандемијата и (не)набавката на вакцини, пописот кој го започнаа со закон од кој е јасно дека се остава простор за големи манипулации, прогонот го користат и како алатка за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми и неуспеси на власта“, додава Груевски.
Претреси имало во Скопје и Прилеп, кај екс министерот Миле Јанакиески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од 4 општини во Скопје денеска без струја
Вести

ЕВН најави: Повеќе скопски населби денеска без електрична енергија

17/03/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Прекин на водоснабдување во Студеничани поради технички зафати

17/03/2026
Инцидент на аеродромот во Единбург: Авион на Рајанер удри во камион за гориво
Вести

Уште еден лет Дубаи – Скопје за евакуација на македонски државјани

17/03/2026
Земјотрес во Куба: Нема информации за штети и повредени
Вести

Земјотрес во Куба: Нема информации за штети и повредени

17/03/2026
Танкерите повторно минуваат низ Ормускиот теснец, нафтата поевтинува
Вести

Танкерите повторно минуваат низ Ормускиот теснец, нафтата поевтинува

17/03/2026
Облачно со слаб ветер
Вести

Променливо облачно со дожд и пад на температурите во наредните денови

17/03/2026
Следна вест

Рафајловски: Сет мерките се мали и минорни, македонската економија е во слободен пад

Најнови вести

Делови од 4 општини во Скопје денеска без струја

ЕВН најави: Повеќе скопски населби денеска без електрична енергија

17/03/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Прекин на водоснабдување во Студеничани поради технички зафати

17/03/2026
Инцидент на аеродромот во Единбург: Авион на Рајанер удри во камион за гориво

Уште еден лет Дубаи – Скопје за евакуација на македонски државјани

17/03/2026
Земјотрес во Куба: Нема информации за штети и повредени

Земјотрес во Куба: Нема информации за штети и повредени

17/03/2026
Танкерите повторно минуваат низ Ормускиот теснец, нафтата поевтинува

Танкерите повторно минуваат низ Ормускиот теснец, нафтата поевтинува

17/03/2026
Облачно со слаб ветер

Променливо облачно со дожд и пад на температурите во наредните денови

17/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.