• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ИМ ВЕТИ ПАРИ, ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИ Притвор за измамникот што продаваше исти станови на повеќе фамилии

20/09/2021
Време за читање: 1 минути
A A
ИМ ВЕТИ ПАРИ, ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИ Притвор за измамникот што продаваше исти станови на повеќе фамилии

Денешното судење се одржа три ипол месеци по Обвиненителниот предлог за агентот за недвижности, поради сторено кривично дело – Измама, кој следеше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва, а по претходно обелоденување на случајот, континуирано следење и иницирање одговори за истиот.

Судот определи мерка притвор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА. Обвинетиот не се појави на судењето, откако на претходното рочиште изјави дека до денеска ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48.000 евра со кои оштетил 10 граѓани.

Денешното судење се одржа три ипол месеци по Обвиненителниот предлог за агентот за недвижности, поради сторено кривично дело – Измама, кој следеше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва, а по претходно обелоденување на случајот, континуирано следење и иницирање одговори за истиот.

Обвинетиот, 41-годишен скопјанец, се товари за Кривично дело – Измама, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но, до Договори за купопродажба не дошло. Со шестмина оштетени, како што велат, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба, во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Еден од оштетените, денеска за МИА изјави дека го пријавил случајот веднаш откако го видел написот со кој МИА ја обелодени измамата на дел од оштетените граѓани.

– Откако го прочитав текстот сфатив дека сум измамен. Претходно не знаев дека се работи за измама. Контактот со агентот беше редовен и регуларен, се одложи плаќањето на данок во Град Скопје, последно беше тоа што завршивме на нотар, и тука агентот започна со изговори дека не може да дојде – изјави оштетениот.

МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предмет, лишувањето од слобода на агентот, како и постапката која ја поведе Обвинителството и определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог.

Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска а случајот го води судијата Александра Ристеска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Позитивен на коронавирус шетал низ тетовско

Позитивен на коронавирус шетал низ тетовско

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.