Денеска околу 16:30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје. Лицето било приведено во врска со сторено кривично дело „тешка кражба“, а со цел издржување на правосилна казна затвор во траење од три години.
По целосно документирање на случајот, приведениот ќе биде спроведен и предаден во соодветна казнено-поправна установа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












