• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Истражна постапка за дилерска група, дрогата чувана во угостителски објект

26/01/2026
A A
Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор за еден осомничен

Основното јавно обвинителство во Гевгелија отвори истражна постапка против едно лице, осомничено дека во периодот од октомври 2025 до 23 јануари 2026 година, во угостителски објект во селото Јосифово, неовластено поседувало наркотични дроги со намера за нивна продажба.

При преземените активности, било утврдено дека осомничениот чувал над 120 грама марихуана, повеќе од 750 грама хашиш, како и околу 37 грама мешавина од марихуана и хашиш. Наркотиците биле спакувани во најлонски и хартиени пакувања и сокриени во пластична кофа поставена под работна иноксна маса во објектот. Во текот на претресот, полициските службеници пронашле и пластична дигитална вага со траги од наркотична материја.

Врз основа на овие наоди, постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело неовластено производство и ставање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во рамки на истиот предмет, осомничени се уште три лица, за кои се сомнева дека биле вклучени во меѓусебна препродажба на марихуана во близина на лозови насади во Јосифово. Според истрагата, на 21 јануари едно од лицата продало околу 680 грама марихуана на друго лице, кое дрогата ја чувало во помошен објект – штала.

Наредниот ден, наркотичната дрога била пренесена во селото Пирава, кај трето лице, со цел препакување и посредување во понатамошната дистрибуција. При извршените претреси, полицијата ја пронашла спорната дрога, дополнителни количини марихуана, семки од растението канабис, како и вага со остатоци од наркотична материја.

Јавниот обвинител до надлежниот судија на претходна постапка при Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Следна вест
Вирус со висок ризик ги мобилизира светските здравствени служби

Вирус со висок ризик ги мобилизира светските здравствени служби

Најнови вести

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.