• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Италијанец приклучен на апарати се венчал со својата девојка во болнички кревет, 12 часа подоцна се случило чудо

18/07/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Италијанец приклучен на апарати се венчал со својата девојка во болнички кревет, 12 часа подоцна се случило чудо

Еден пар од Италија се венчал во несекојдневни околности, а приказната која почнала како „последна желба на младоженецот“ се претворила во приказна со најубав крај.

47-годишниот Маурицио од Торино бил хоспитализиран во јуни откако доживеал срцев удар. И покрај напорите на лекарите, неговата клиничка слика за жал не ветувала многу. Неговата состојба се влошувала, предизвикувајќи низа други компликации кои го довеле до состојба во која му била потребна трансплантација на срце.

Маурицио кој бил ставен на листа за итна трансплантација, го одржувале во живот преку машини кои му помагале крвта да циркулира низ неговото тело.

Прифаќајќи веќе дека умира, Италијанецот имал само една желба – да се ожени со Силвија, неговата девојка и мајка на нивната двомесечна ќерка. Тоа и се исполнило.

Венчавката која почнала како „последната желба на Маурицио“, се одржала на одделот за кардиохирургија каде бил сместен. Силвија наместо цвеќе држела „букет“ направен од епрувети за вадење крв, а просторијата била украсена и со неколку балони, како и фотографија од нивната ќерка.

Иако мислеле дека ова е еден од неколкуте последни моменти кои парот ќе ги помине заедно, само 12 часа по венчавката се случило чудо – Центарот за трансплантација пронашол соодветно срце за Маурицио.

Тоа преку посебен лет пристигнало во Торино, а потоа тим експерти извршил 7-часовна операција која успешно поминала.

Прекрасни вести со двојно среќен крај“, вели Џовани ла Вале, генерален директор на здравство на градот Торино, честитајќи му на тимот за успешната трансплантација.

„Но, уште поголеми честитки за овој човек и парот кој е повторно роден. Нека ова за семејството биде почеток на нов среќен заеднички живот“, заклучил тој.

Маурицио сега е добро и ужива со своето семејство, а неговата приказна е доказ дека чудата навистина се можни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори
Uncategorized

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни
Uncategorized

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ
Uncategorized

(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ

06/06/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Uncategorized

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

28/05/2026
Почина познатиот актер Чак Норис
Uncategorized

Почина познатиот актер Чак Норис

20/03/2026
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Uncategorized

Седумдесетгодишна жена почина по сообраќајка во Струга

22/02/2026
Следна вест
Дали знаете зошто пасошите се само во четири бои?

Дали знаете зошто пасошите се само во четири бои?

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.