• Импресум
Thursday, May 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„ЈКП Комуналец“-Прилеп повторно интервенира кај Вештачкото езеро, дивата депонија повторно затрупана со отпад објавува Журнал.мк

11/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
„ЈКП Комуналец“-Прилеп повторно интервенира кај Вештачкото езеро, дивата депонија повторно затрупана со отпад  објавува Журнал.мк

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад.

Иако локацијата беше целосно исчистена на 15 ноември 2025 година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и јавното претпријатие, само по неколку месеци состојбата повторно е алармантна. Граѓаните секојдневно реагираат до „Комуналец“ поради несовесното фрлање отпад, а депонијата повторно претставува сериозен проблем за животната средина.

Директорот на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, Љубиша Јовановски, апелираше до граѓаните и компаниите да покажат поголема одговорност и свест за правилното управување со отпадот.

„За оваа година општината има издвоено 4.200.000 денари исклучиво за чистење диви депонии. Верувам дека граѓаните, а особено градежните фирми, ќе покажат разбирање и отпадот кој не припаѓа во категоријата комунален ќе го одложуваат на депонијата во Алинци, каде влезот за граѓаните е бесплатен. Неразбирливо е во 21 век, кога секојдневно се предупредува за последиците од неправилното третирање на отпадот, ние и понатаму да се однесуваме неодговорно“, истакна Јовановски.

Од претпријатието потсетуваат дека граѓаните можат да изнајмат контејнер од 5 метри кубни по цена од 1.360 денари или трактор за транспорт на отпад по цена од 620 денари.

За габаритен отпад, ЈКП „Комуналец“ има воведено и бесплатна линија секој четврток и петок, со претходно пријавување на телефонскиот број 048/428-992.

Од претпријатието уште еднаш апелираат секој отпад да се одлага на соодветно место, со цел зачувување на животната средина и почиста околина за сите граѓани.

„Чисто е убаво!“, порачуваат од „Комуналец“ – Прилеп. објавува Журнал.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од неколку скопски општини утре без струја
Вести

ЕВН најави прекин на струја во неколку скопски населби

14/05/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

ЈП Водовод: Без вода делови од Карпош и околината на Партизанска

14/05/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладневен дожд и грмежи – еве какво време нè очекува

14/05/2026
Војводина водеше 2:0, но Звезда направи пресврт и триумф
Вести

Војводина водеше 2:0, но Звезда направи пресврт и триумф

13/05/2026
Нов лет со евакуирани патници: 151 лице пристигнаа на скопскиот аеродром
Вести

Инцидент на аеродромот во Скопје: кај 86-годишник пронајдени куршуми

13/05/2026
Зошто лебот од банана е омилен ширум светот
Вести

Како храната може да ја намали ефикасноста на лековите

13/05/2026
Следна вест
Виноскоп се враќа како најубавата пролетна здравица на Скопје

Виноскоп се враќа како најубавата пролетна здравица на Скопје

Најнови вести

Делови од неколку скопски општини утре без струја

ЕВН најави прекин на струја во неколку скопски населби

14/05/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод: Без вода делови од Карпош и околината на Партизанска

14/05/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладневен дожд и грмежи – еве какво време нè очекува

14/05/2026
Војводина водеше 2:0, но Звезда направи пресврт и триумф

Војводина водеше 2:0, но Звезда направи пресврт и триумф

13/05/2026
Нов лет со евакуирани патници: 151 лице пристигнаа на скопскиот аеродром

Инцидент на аеродромот во Скопје: кај 86-годишник пронајдени куршуми

13/05/2026
Зошто лебот од банана е омилен ширум светот

Како храната може да ја намали ефикасноста на лековите

13/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.