• Импресум
Friday, June 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции

12/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација.

На средбата се разговараше за тековните проекти, развојните приоритети на општината, реализацијата на капиталните инвестиции и можностите за дополнително зајакнување на административните капацитети со цел поефикасно извршување на надлежностите и подобрување на услугите за граѓаните.

Посебен акцент беше ставен на Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството за локална самоуправа обезбедува стручна, техничка и советодавна помош во различни сегменти од работењето на локалните самоуправи.

Перински истакна дека директната комуникација со општините е клучна за навремено препознавање на предизвиците и креирање ефикасни решенија.

„Нашата определба е да бидеме постојан партнер на општините и да обезбедиме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Преку Ресурсниот центар создаваме механизам што ќе им помогне на општините полесно да ги надминуваат административните и техничките предизвици и поефикасно да ги реализираат своите развојни цели“, изјави Перински.

Тој нагласи дека Владата продолжува со поддршка на локалниот развој преку капитални инвестиции, посочувајќи дека за Општина Кисела Вода, преку двата владини јавни повици, се одобрени вкупно 24 проекти во вредност од 528,5 милиони денари.

Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска оцени дека соработката меѓу централната и локалната власт е од суштинско значење за успешен развој на општините.

„Денешната посета претставува можност за суштински дијалог за предизвиците и стратешките цели на Кисела Вода. Разговаравме за конкретни модели на поддршка од Министерството, а особено значајно е што на располагање ни е ставен Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините. Тој претставува дополнителна алатка што ќе ни помогне уште поуспешно да ги подготвуваме и реализираме идните проекти“, изјави Стаменкоска-Трајкоска.

Од Министерството за локална самоуправа најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со непосредни средби и посети на општините со цел унапредување на соработката и поттикнување на локалниот развој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница
Вести

Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница

12/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Нови клупи, корпи и обновени летниковци во паркот „Македонија“
Вести

Нови клупи, корпи и обновени летниковци во паркот „Македонија“

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје
Вести

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Со 59 гласа „за“ Собранието го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа
Вести

Со 59 гласа „за“ Собранието го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа

11/06/2026
Мексико славеше со 2-0 на отворањето на Светското првенство
Вести

Мексико славеше со 2-0 на отворањето на Светското првенство

11/06/2026
Следна вест
Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница

Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница

Најнови вести

Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница

Нов мандат за Бранко Азески во регионалната бизнис заедница

12/06/2026
Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции

Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции

12/06/2026
Што се случува со Фејсбук?

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Нови клупи, корпи и обновени летниковци во паркот „Македонија“

Нови клупи, корпи и обновени летниковци во паркот „Македонија“

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Со 59 гласа „за“ Собранието го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа

Со 59 гласа „за“ Собранието го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа

11/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.