Леброн Џејмс сè уште нема донесено конечна одлука за својата иднина во НБА лигата, но според последните информации, три екипи се издвојуваат како најсериозни кандидати за неговиот потпис.
Инсајдерот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, откри дека вкупно пет клубови сè уште се во игра за ангажман на четирикратниот НБА шампион. Меѓу нив се Голден Стејт Вориорс и Минесота Тимбервулвс, но најголемото внимание на Џејмс во моментов е насочено кон Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Филаделфија Севентисиксерс.
„Според моите информации, Леброн Џејмс ги има сите потребни детали за да донесе одлука. Време е за конечен избор. Чувството е дека пет екипи сè уште се во игра, но фокусот е најмногу на Кливленд, Мајами и Филаделфија“, изјави Чаранија.
Претходно, како главни фаворити за потписот на Џејмс се споменуваа Кливленд, Мајами и Голден Стејт. Сепак, ситуацијата се промени откако Филаделфија направи голем потег со ангажманот на Џејлен Браун, што дополнително го привлече вниманието на Леброн.
Во изминатите денови многу се шпекулираше дека Џејмс би можел да се пресели во Голден Стејт Вориорс, особено поради јавните обиди на Дрејмонд Грин да го убеди да му се приклучи на тимот. Сепак, според најновите информации, оваа опција во моментов не е меѓу неговите приоритети.
Од трите најсериозни кандидати, Филаделфија е единствениот клуб во кој Леброн досега нема настапувано. Од друга страна, Кливленд и Мајами се тимови со кои тој има посебна историја и освоени шампионски титули, па не е исклучено повторно да избере една од овие две дестинации наместо нов предизвик.
Конечната одлука на еден од најголемите кошаркари во историјата се очекува со големо внимание, бидејќи неговиот избор може сериозно да ја промени сликата во НБА лигата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












