• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Камерната сала на Филхармонија

24/04/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Камерната сала на Филхармонија

Камерниот ансамбл „Консонанс“ в среда во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. Составен е од музичари кои се членови на НУ Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти. Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и во Црна Гора, Р. Бугарија и САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук. Во камерниот ансамбл „Консонанс“ членуваат: Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски. Елена Дојчинова (флејта) е вработена во оркестарот на НУ Филхармонија на позицијата прва флејта. Исто така активна е на музичката сцена како член на неколку камерни состави и како солист. Маја Чанаќевиќ (англиски рог) долги години е член на ансамблот на НУ Филхармонија на позицијата англиски рог и обоа. Покрај посветеноста на оркестарското музицирање, таа настапува како солист и е член на неколку камерни состави. Здравко Ангелов (кларинет) е истакнат солист на оркестарот на НУ Филхармонија и е нејзин долгогодишен прв кларинетист. Активно го негува солистичкиот пристап но евидентна е и неговата посветеност за камерното музицирање. Тој воедно е и водач на ансамблот „Консонанс“. Игор Бакревски (кларинет) е прв кларинетист во оркестарот на Филхармонијата кој активно се занимава со камерното музицирање, но и со професионално снимање на оркестарска музика. Долги години беше член и на оркестарот на НУ Националната oпера и балет, а исто така е член на повеќе камерни состави. Сашко Темелковски (бас кларинет) е вработен во НУ Филхармонија на позицијата бас кларинет и кларинет. Покрај симфониското музицирање тој е посветен и на снимање на оркестарска музика и камерното музицирање. Во „Консонанс“ членува од основањето на овој ансамбл.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум
Вести

„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

04/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми
Вести

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Зошто е важно да имате мал ритуал по завршувањето на работата?

30/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Следна вест
Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.