• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Кралот Чарлс на крунисувањето ќе прекине уште еден обичај, ќе биде помазан пред јавноста

01/02/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Кралот Чарлс на крунисувањето ќе прекине уште еден обичај, ќе биде помазан пред јавноста

Британскиот крал Чарлс Трети треба официјално да биде крунисан на почетокот од мај годинава, а медиумите на Островот веќе расправваат за многу детали од овој историски настан. Имено, ова е првото крунисување во последните 70 години, откако на тронот седна неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора.

Претходно минатата година беше објавено дека крунисувањето ќе трае три дена, од 6-ти до 8-ми мај, а целата церемонија ќе се одржи во Вестминстерската опатија. Со самото крунисување ќе началствува надбискупот (архиепископот) од Кентербери. Пред главната церемонија ќе има процесија од Бакингемскиот дворец до опатијата, а потоа ќе се формира уште една поворка, во која на кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство. Потоа сите заедно ќе излезат на балконот на дворецот, каде што ќе бидат крунисани сопружниците.

Ова се само некои детали за крунисувањето кои се појавија во јавноста, а странските медиуми претходно пишуваа дека помладиот син на Чарлс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл нема да бидат на балконот за време на крунисувањето на кралот и кралицата со останатите членови на кралското семејство. Имено, како што наведуваат, на балконот смеат да бидат само членовите на кралското семејство кои официјално го претставуваат, а Хари и Меган, како и принцот Ендрју веќе не смеат да бидат на балконот, бидејќи не се на официјални позиции.

Претходно беше најавено дека крунисувањето треба да биде нешто поскромно од претходните. Крунисување на кралицата Елизабета Втора траеше три часа, а на Чарлс ќе трае нешто повеќе од еден час и ќе има околу две илјади гости. Миропомазанието на монархот ќе биде исто како во 1953 година. Кралот ќе седне во столицата за крунисување и ќе се заколне дека ќе биде „бранител на верата“. Потоа на главата ќе му ја стават круната на свети Едвард и со тоа тој официјално станува крал. Камила ќе ја преземе титулата кралица сопруга и ќе ја стави круната на кралицата Елизабета на својата глава. Принцот Вилијам на крунисувањето официјално ќе биде именуван за принцот од Велс.

Британските медиуми, пак, сега пишуваат дека сепак ќе има разлика во помазанието. Имено, кралот Чарлс Трети би можел да стане првиот монарх во британската историја кој јавно ќе биде миропомазан на неговото крунисување што е уште едно прекинување на традицијата, пишуваат медиумите повикувајќи се на сознаниеја од извори во дворецот.

При сите досегашни крунисувања во британската монархија, моментот во кој надбискупот од Кантербери ги миропомазува рацете, градите и главата на суверенот со светото миро не е виден во јавноста или пред камерите. Кога Елизабета Втора е помазана за британска кралица, над нејзината глава стоел балдахин (свечена прекривка) од златна ткаенина, а телевизиите кои го пренесувале крунисувањето ја затемниле сликата на неколку секунди.

Причината за ваквата тајност на оваа постапка е што помазанието на монархот се смета за најсвет чин на крунисувањето, кој јавноста не смее да го види а со тоа е и најмистериозниот чин на самата церемонија. Доколку се покаже дека овие медиумски наѓања се вистина, тоа би било уште еден од нарушените обичаи што Чарлс ги најави во своето владеење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Мароко од денес домаќин на Светското клупско првенство во фудбал

Мароко од денес домаќин на Светското клупско првенство во фудбал

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.