• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лажно позитивен алкотест: Храна што може да ве доведе во проблем

28/12/2025
A A
За брзо возење на територија на Македонија казнети 481 лице

Многу возачи веруваат дека алкотестот може да покаже позитивен резултат исклучиво ако претходно консумирале алкохол. Сепак, во одредени ситуации уредот може да регистрира и лажно позитивен резултат, предизвикан од храна која на прв поглед изгледа целосно безопасна.

Таков случај е забележан во Кина, каде што возач бил сопрен од полицијата и тестиран, при што алкотестот покажал вредности над дозволената граница. Иако тој тврдеше дека не пиел алкохол, дополнителната анализа на крвта потврдила дека бил целосно трезен. Подоцнежната проверка покажала дека непосредно пред тестирањето изел голема количина дурјан.

Дурјанот, овошје препознатливо по исклучително силниот мирис, содржи природни шеќери и соединенија кои можат да предизвикаат краткотрајна ферментација во устата и дигестивниот систем. Доколку алкотестирањето се изврши веднаш по негово консумирање, можно е уредот да регистрира привремено присуство на алкохол.

Сличен ефект може да се појави и по јадење ананас или папаја, особено кога овошјето е презреано. Кај бананите и грозјето, ферментацијата во желудникот може да создаде мали количини алкохол, но за да се добие реално позитивен резултат, потребна е исклучително голема количина.

Почеста појава во секојдневието се лебот и колачите, кои содржат квасец. При ферментација, квасецот создава минимални количини алкохол, а доколку тестирањето се изврши веднаш по јадење, можно е да останат траги што алкотестот ќе ги регистрира.

Дополнително, во одредени десерти се користи екстракт од ванила, кој содржи околу 35 проценти алкохол. Иако ефектот е краткотраен и обично исчезнува по петнаесетина минути, непосредно по консумирање може да влијае на резултатот од тестирањето.

Од друга страна, семките од афион не влијаат на алкотестот, но можат да предизвикаат позитивен резултат на тест за дроги, бидејќи природно можат да содржат микроскопски траги од морфиум.

Експертите советуваат, доколку возачот е сигурен дека не консумирал алкохол, а алкотестот покаже спротивно, да побара повторно тестирање или анализа на крвта, која се смета за најпрецизен и најсигурен метод.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резултати од анализи: Земјоделците во Илинден добиваат прецизни податоци за почвата
Вести

Резултати од анализи: Земјоделците во Илинден добиваат прецизни податоци за почвата

23/06/2026
Чистење на шахти и сливници низ Скопје, апел до граѓаните да не фрлаат секаков отпад
Вести

Чистење на шахти и сливници низ Скопје, апел до граѓаните да не фрлаат секаков отпад

23/06/2026
Детското игралиште „Патрик“ затворено по вандалски напад
Вести

Детското игралиште „Патрик“ затворено по вандалски напад

23/06/2026
Брвеница во жалост: Почина градоначалникот Јовица Илиевски
Вести

Брвеница во жалост: Почина градоначалникот Јовица Илиевски

23/06/2026
ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Вести

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Следна вест
Испукани гуми и искршени ретровизори: Непознати сторители демолирале десетици автомобили во Скопје

Испукани гуми и искршени ретровизори: Непознати сторители демолирале десетици автомобили во Скопје

Најнови вести

Резултати од анализи: Земјоделците во Илинден добиваат прецизни податоци за почвата

Резултати од анализи: Земјоделците во Илинден добиваат прецизни податоци за почвата

23/06/2026
Чистење на шахти и сливници низ Скопје, апел до граѓаните да не фрлаат секаков отпад

Чистење на шахти и сливници низ Скопје, апел до граѓаните да не фрлаат секаков отпад

23/06/2026
Детското игралиште „Патрик“ затворено по вандалски напад

Детското игралиште „Патрик“ затворено по вандалски напад

23/06/2026
Брвеница во жалост: Почина градоначалникот Јовица Илиевски

Брвеница во жалост: Почина градоначалникот Јовица Илиевски

23/06/2026
ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.