Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш што ќе се одржи на 23 јуни во Скопје, како реакција на барањата на цементарницата „ТИТАН Усје“ за продолжување на работата според постојните гранични вредности за емисии.
Според организаторите, компанијата бара да продолжи да работи според стандардите што се применуваат од 2007 година, наместо да ги усогласи своите процеси со поновите европски еколошки правила и најдобрите достапни техники за намалување на загадувањето.
Маршот ќе започне во 18:00 часот пред Собранието, по што учесниците ќе се упатат кон Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од иницијативата посочуваат дека со протестот сакаат да испратат јасна порака до институциите дека очекуваат воведување построги еколошки стандарди, поголема заштита на здравјето на граѓаните и доследна примена на современите прописи за заштита на животната средина.
Организаторите информираат дека настанот е јавен и отворен за сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка на нивните барања и да се приклучат на маршот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












