• Импресум
Saturday, April 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЛДП ги заборави пратениците, иницира можност за разрешувања само на градоначалниците

22/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
ЛДП ги заборави пратениците, иницира можност за разрешувања само на градоначалниците

На сите натрупани големи проблеми во Македонија, ЛДП отвори нов кој требало да се решава. Имено оваа партија вчера даде предлог: Да се смени Законот за локална самоуправа и да се даде можноста на граѓаните преку референдум да ги отповикуваат градоначалниците. Сега таква можност нема, а треба да има, сметаат тие.

-Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти, изјави лидерката на оваа партија Моника Зајкова.

Идејата делува лепливо. Ама има тука две – три дилеми:

А што е со неработењето, неодговорноста на пратениците? Зошто на нив не се сети ЛДП? Ќе останат ли тие и натаму недопирливи во својот четиригодишен мандат, надвор од досегот на незадоволството на граѓаните од нивната работа?

Одговорноста на пратениците, со оглед на важноста на одлуките кои се носат во парламентот е уште и поголема. А Бога ми и правеа многу поголеми удари за земјата отколку градоначалниците во своите општини.

Па, зошто не се сменат и таквите соодветни Закони за да може граѓаните да реагираат и да најдат законско легален начин да се спасат од понатамошни неработења на целиот состав на парламент или на одреден пратеник? 

Се може законски да се реши и за градоначалниците и за пратениците. ЛДП е инвентивна партија нека ги најде решенијата.

Но, има тука и една друга дилема: колку воведувањето на можностите за разрешувањето на градоначалниците и на пратениците (знаејќи го нашинот како делуваат нашите партии) ќе го парализира работењето на општините, Градот Скопје, на парламентот…? Што доколку за десетици и десетици градоначалници и пратеници секоја година се иницираат постапки – референдуми за нивното разрешување од функцијата? А тоа би било сосема реално можно доколку се воведе таквата законска можност. Постојано ли ќе се губи време во покренување постапки, па борба дали ќе се дупее со распишување референдуми, па… Така според македонското разбирање на демократијата работата на општините и на Собранието често ќе се во застој, фокусирани на други работи. 

Инаку, во целиот нормален демократски свет постои и можноста избран функционер да даде оставка.

На пример ЛДП размислила ли некогаш некој нејзин функционер да седне и напише – ОСТАВКА – оти не си ја врши добро работата? А имаат пратеници, министри… или тие се само за пофалба?

Текстот е превземен од skopskoeho.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата
Вести

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата

01/04/2026
Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните
Вести

Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните

31/03/2026
Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар
Вести

Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар

30/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Убиство во семејниот дом, полицијата поднесе пријава против 27-годишник

30/03/2026
Следна вест
Со правење поделби ли Пендаровски и Ковачевски ќе градат заедништво?

Со правење поделби ли Пендаровски и Ковачевски ќе градат заедништво?

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.