• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага

23/10/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Приведен криумчар, пронајдени 10 лица мигранти

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага.

-МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, се наведува во соопштението.

Како што информираат од МВР, деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот.

-Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица, се наведува во сопштението.

Од МВР појаснуваат дека паричните средства кои во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што несразмераната имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, односно постои основано сомневање дека во истиот период дванаестмината осомничени и едно осомничено правно лице како организирана криминална група за перење на пари се стекнале со противправна имотна корист изразена во парични средства од 125.033.527 денари прибавена со кривичното дело “Лихварство”.

-Така, дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина, стои во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда
Вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје
Вести

Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

26/07/2026
Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус
Вести

Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

26/07/2026
Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година
Вести

Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

26/07/2026
Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата
Вести

Еди Рама им одговори на демонстрантите: Нема повлекување од функцијата

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија
Вести

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
Следна вест
ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник, независен кандидат се откажа од трката за градоначалник во втор круг

ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник, независен кандидат се откажа од трката за градоначалник во втор круг

Најнови вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

26/07/2026
Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

26/07/2026
Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

26/07/2026
Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Еди Рама им одговори на демонстрантите: Нема повлекување од функцијата

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.