Актуелниот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, славеше победа од 1:0 против лидерот на табелата Вардар во дерби натпреварот од шампионатот. Со овој триумф, Шкендија ја намали разликата на врвот и дополнително ја засили борбата за титулата.
Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 66. минута, кога Лиридон Љатифи ја затресе мрежата на „вардарци“ по асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на средбата Вардар се обиде да стигне до израмнување, но и покрај неколкуте удари кон голот, резултатот остана непроменет.
Натпреварот беше исклучително борбен, што се потврдува и со десетте жолти картони покажани од судијата – седум за фудбалерите на Шкендија и три за играчите на Вардар.
Во рамките на 21. коло, во тек е и дуелот меѓу Пелистер и Силекс.
На претходно одиграните натпревари од оваа рунда беа постигнати следните резултати: Арсими – Тиквеш 0:5, Македонија ЃП – Работнички 3:1, Брера – Струга 0:0 и Шкупи – Башкими 0:2.
По овие натпревари, на табелата води Вардар со 52 бода, пред Шкендија со 51, додека Струга е трета со 44. Следуваат Силекс со 38, Башкими со 29, Тиквеш и Брера со по 27, Арсими со 26, Македонија ЃП со 23, Пелистер со 20, Работнички со 13 и Шкупи со еден бод.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













