• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” пристигна во Париз, а се запеа и „Налеј Налеј“ во кафаната на Гемиџиите

18/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
„Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” пристигна во Париз, а се запеа и „Налеј Налеј“ во кафаната на Гемиџиите

Едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците, досега напишано, „Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” на авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, пристигна и во Париз, Франција, во склоп на европската промоција. Д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, во Македонската Православна Црква “Свети Кирил и Методиј” во Париз, пред македонските иселеници детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за македонскиот народ и историја.

Домаќините и воедно организаторите на овој настан од Македонската православна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, Протоереј о. Даниел Стојчевски и господин Владимир Будимовски, заедно со целиот тим на Македонци во Франција, се погрижија за големата посетеност и беспрекорна организација на настанот.

Авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, го претстави своето дело со посветеност и страст, раскажувајќи за истражувањата и анализите на историските настани и милениумските сведоштва за македонското име, додека ја создавал оваа книга. Ова разви големо интересирање на публиката со што следеше двочасовна дискусија на авторот со одговори на прашања околу разни историски настани за македонската историја.

Во текот на посетата на Париз, авторот и промоторите имаа и неверојатно искуство да го најдат патот до кафаната на Гемиџиите, каде што настанала и легендарната песна “Налеј, Налеј”. На најголема радост на посетителите, во чест на Гемиџиите и нивната борба за Македонија, оваа легендарна песна беше изведена повторно на истото место, по 120 години, од страна на Златко Николовски, Дарко Китаноски, Маја Славева, Ацо Крстески и ценетиот автор на книгата „Македонци -Милениумски сведоштва за идентитетското име“, Бранислав Светозаревиќ Покорни.

Со ова, Европската турнеја за “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” продолжува да ги прославува и споделува богатите аспекти на македонската историја и култура со светот, а Гемиџиите кои што се наоѓаат во срцето на оваа приказна во Париз, носејќи во себе непокор и љубов кон Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

Стотици паднати дрвја по невремето, Град Скопје открива што ќе прави со нив

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза
Вести

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила
Вести

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
Вести

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Следна вест
Ахмети: Со ВМРО-ДПМНЕ нема никаков договор за уставните измени, ниту поврзаност со измените на Кривичниот законик!

Ахмети: Со ВМРО-ДПМНЕ нема никаков договор за уставните измени, ниту поврзаност со измените на Кривичниот законик!

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

Стотици паднати дрвја по невремето, Град Скопје открива што ќе прави со нив

25/07/2026
Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

Николоски: Проектот Охрид – Кичево влегува во завршна фаза

25/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.