• Импресум
Friday, July 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија бара фер третман од ЕУ, порача Сиљановска-Давкова во Словачка

02/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Македонија бара фер третман од ЕУ, порача Сиљановска-Давкова во Словачка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека Македонија останува цврсто посветена на членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана еднакво како и другите земји-кандидати и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања.

На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, таа истакна дека Македонија и Словачка ги поврзуваат силни историски, културни и духовни врски, изразувајќи уверување дека посетата ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералната соработка.

Сиљановска-Давкова нагласи дека постои значителен простор за продлабочување на економските односи меѓу двете земји, особено во енергетиката, иновациите, зелената транзиција, инфраструктурата и туризмот. Таа потсети и на неодамна организираните бизнис-форуми, како и на отворањето на авиолинијата Охрид–Братислава.

Претседателката ја поздрави и словачката поддршка за македонскиот јазик и култура, посочувајќи го отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, воведувањето на настава по македонски јазик и објавувањето на првиот учебник по македонски јазик за словачките ученици.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, таа оцени дека Македонија предолго се соочува со пречки кои не се во согласност со европските вредности и принципи.

„Европа е наш природен дом – географски, историски и културно. Бараме да бидеме третирани како сите останати, да бидеме вреднувани според Копенхашките критериуми и да добиеме можност да се посветиме на реформите и владеењето на правото, наместо на билатерални прашања“, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа го поздрави ставот на Словачка дека идентитетските и културните прашања не треба да бидат дел од политичките условувања во процесот на проширување на Европската Унија, нагласувајќи дека почитувањето на културниот интегритет на секој народ е суштински дел од европската идеја.

Сиљановска-Давкова додаде дека интеграцијата на Западен Балкан претставува не само политичко, туку и безбедносно и стратешко прашање, особено во време на глобални геополитички предизвици и растечки конфликти.

На крајот од обраќањето, таа изрази уверување дека разговорите во Братислава ќе донесат нова динамика во македонско-словачките односи и ќе отворат можности за уште поинтензивна соработка во иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината
Вести

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик
Вести

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип
Вести

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Следна вест
Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

Баумгартнер аут за СП, Австрија во проблем пред стартот на турнирот

Најнови вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Половина Скопје утре без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.