Генералното собрание на Обединетите нации повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што трае повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 држави беа воздржани.
Против гласаа: САД, Израел, Украина, Унгарија, Македонија, Аргентина и Парагвај.
Воздржани беа: Албанија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска и Романија.
Резолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја истакнува потребата од итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако овој документ секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само Конгресот на САД може формално да ја укине блокадата утврдена со федералните закони Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act.
Повеќето членки на ОН сметаат дека санкциите се остаток од времето на Студената војна и дека тие повеќе го погодуваат цивилното население отколку властите во Хавана.
Куба, пак, го оцени резултатот од гласањето како „јасна и гласна порака“ до Вашингтон – дека светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на економски и социјален развој,
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












