Sunday, April 28, 2024

Македонскиот борач Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство

 – Македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење што се одржува во Загреб, Хрватска.

Магомедов во борбата за бронзата го победи Арман Авагјан од Ерменија со 7:4.

Патот до бронзениот медал на Магомедов беше победа над Станислав Новац од Молдавија, па пораз од Кугиумцидис од Грција, триумф во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија и синоќешната победа над Авагјан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест