• Импресум
Thursday, July 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Меси треба да учи дриблинзи од македонските министри

14/12/2022
A A
Лоша комбинација – паразити и кредити

Штета што македонските министри не играат на Светското првенство во Катар! Веќе ќе беа во финалето. Ма каков Меси, какви бакрачи, нашите велемајстори за порази не знаат, само победуваат. Дриблаат, асистираат, даваат голови, трчаат низ Македонија и на сите ни кажуваат дека се победници.

Илјада рала копачки искинаа веќе шеста година, и летаат од победа во победа – не запират! Де победа во економијата, де во привлекување на инвестиции, триумф во изградбата на патишта и железници, де во енергетиката, де во надворешната политика, де…

Ако продолжам да ги набројувам сите победи, целиот весник сам ќе можам да го испишам и пак нема да е доволно.

Навистина огромна штета што нашите министри и премиерот, а богами и претседателот не се во Катар на Светско, оти уверен сум дека во финалето ќе ја растурат Франција. Исто, како што летово македонската дипломатија ја растури француската, кога играа на „Купот за преговори со ЕУ”. Каков ли натпревар беше тоа? Со три гола на Маричиќ, кој трчаше најбрзо од сите и два на Османи (иако го бидува и за автоголови) во мрежата на дипломатите од Париз, Македонија извојува спектакуларна победа.

Но, така е според коментаторите од „Бихачка“. Дали всушност Македонија победи, оти нели тие играа за нашата репрезентација? Друго гледавме ние – народот на ТВ преносот. Секој кој ја гледаше „утакмицата” виде неколку дриблизи и двојни проигрувања од Радев – Макрон – Радев, неколку автогола на нашите и – катастрофален пораз.

Ама, тоа е стилот на власта: поразите да ги претставува како победи. Можеа барем еднаш да бидат искрени пред сопствениот народ, да признаат пораз, да кажат дека слабо одиграле и да побараат разбирање. Толку ли е тешко да се рече: згрешивме или толку можевме, се боревме, ама…

Сега пехар ли чекаат за генијалната дипломатска победа на македонската влада, која исполни се што од неа бараше Бугарија, а за возврат не доби ништо? Дури примија голови и од шанси што лесно се бранеа, а не сакаа да ги одбранат.

И не е ова единствената победа на нашата власт! Имаат тие многу, неброени… Да потсетам на последната победа – доаѓањето на американските антикорупциски истражители во Македонија. Наместо да се срамат, тие се фалат. Човече…кој ни ја води државата? Па добро, кого Американците ќе истражуваат за корупција? Народот ли? Кој требаше да расчисти со корупцијата до сега, за да не мора да дојдат странци?

А победите во енергетиката? Се испофалија дека обезбедиле струја, ама премолчуваат дека ја купуваат по три пати повисока цена од соседните држави. Па струја на пазарот има доволно, умешноста е по која цена ќе се исценкаш да ја увезеш. Важно тие се фалат дека давале голови. Само дали тие голови носат победа за државата или за нив лично, оти читаме и слушаме дека речиси секој од „големите” во власта си има некој роднина вклучен во енергетскиот бизнис. Еве и сопругата на премиерот станала „струјаџика”. Останаа само уште нивните домашни миленици без фирми за правење или увоз на струја.

Струја се – нема што. Шампиони на место, сите гледаме. Штета што не играа во Катар – со „Нашата земја” на дресот, сигурен сум дека светски шампиони ќе станеа.

Шегата настрана, време им е да се спуштат на земја и достоинствено да ги закачат копачките на клинец и да заминат во историјата – шампионски!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
По направените проверки во училиштата се дојде до заклучок: Лажни се и денешните дојави за бомби

По направените проверки во училиштата се дојде до заклучок: Лажни се и денешните дојави за бомби

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.