Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ државата. Според прогнозите, локално се очекуваат и поинтензивни временски процеси во форма на невреме.
На одредени подрачја се најавува пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, засилен до силен ветер со брзина над 70 километри на час, како и услови за појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 17 до 23 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 21 степен.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но локално повторно ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер.
Метеоролозите предупредуваат дека утре повторно се можни поинтензивни невремиња со обилни врнежи, силен ветер и услови за град, додека во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












