• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Алармантна е состојбата во издавањето на пасошите, Уставен суд нека ја уважи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да ја продолжи важноста

15/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: Алармантна е состојбата во издавањето на пасошите, Уставен суд нека ја уважи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да ја продолжи важноста

Ценевме дека парламентот е простор како законодавен дом каде што оној кој што го предложил оној закон во 2021 година за промена на патните исправи и возачките дозволи има можност и сега да поднесе измени, откако јасно е на сите дека така како што е замислен тој процес нема да оди. Го оставаме тој простор тие да бидат тие кои што ќе се корегираат за грешката која што ја имаат направено, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, потенцирајќи дека тие поднеле иницијатива до Уставниот суд за продолжување на важноста на патните исправи и возачките дозволи.

Мицкоски посочи дека по сето она кое што се случува во текот на издавање на патните исправи и возачките дозволи, Уставниот суд треба да ја уважи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на истите се со цел како што рече тој да се намали тензијата кај граѓаните.

Од друга страна како одговорна политичка партија цениме дека Уставниот суд е оној орган кој е највисок во државата, и треба да даде свое мислење независно од мислењето на политичките партии. Ние како ВМРО-ДПМНЕ цениме дека тој има можност да интервенира веднаш имајќи го во предвид сето она кое што се случува во процесот на издавање на патните исправи и возачките дозволи. И цениме дека Уставниот суд доколку сака може веднаш, како тоа што го правел неколку пати во минатото, да се состане, и да донесе мерка со која што тој закон ќе го стави вон сила, а после некое време ќе ја цени и уставноста односно да ја цени иницијативата која што ние како ВМРО-ДПМНЕ ја дадовме за да може да се намали тензијата, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски укажа дека според информациите со кои располагаат уште милион и 300 илјади граѓани треба да ги променат патните исправи, но дека во моментот има некаде околу 30.000 обрасци кои што ги има министерството, и 10.000 кои што се двојазични на албански јазик, што нема да бидат доволно, а нови се очекуваат да пристигнат дури во март.

-Според нашите информации некаде околу милион и 200 илјади патни исправи до овој момент се издадени отприлика од 2 милиони и 500 илјади колку што вкупно се издадени и треба да се променат согласно тој закон, што значи дека еден милион и 300 илјади треба допрва да се променат. Имајќи го во предвид капацитетот, цениме дека е потребно најмалку година дена да се заврши на овие милион и 300 илјади на процесот на сликање. Е сега тука се појавува уште еден предизвик со информациите со кои ние располагаме има некаде околу 30.000 обрасци кои што ги има министерството, и 10.000 кои што се двојазични на албански јазик. Тоа значи дека сите оние моментално кои што се во процес на сликање, тогаш ќе се исцрпи капацитетот на моментално расположливите обрасци, а нови нема бидејќи тие ќе стигнат во март, изјави тој.

Мицкоски додаде дека цени дека состојбата е алармантна, како и дека ова е понижување и малтретирање за граѓаните.

-Цениме дека ова понижување и малтретирање кое им се случува на граѓаните Уставниот суд е добра територија каде може да се надмине, а од друга страна парламентот го оставаме на владејачкото мнозинство бидејќи тие се мнозинство, доколку тие донесат предлог закон тој ќе се донесе, бидејќи ние сме опозиција, објасни тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Следна вест
Страдам од болештини, ги одработувам последните денови: Бора Чорба проговори за староста

Страдам од болештини, ги одработувам последните денови: Бора Чорба проговори за староста

Најнови вести

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.