• Импресум
Saturday, August 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски повика со референдумот истовремено да се одржат и предвремените избори

07/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски повика со референдумот истовремено да се одржат и предвремените избори

Со референдумот за укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија истовремено да се одржат и предвремените парламентарни избори, побара денеска Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска до Државата изборна комисија ја поднесе иницијатива за референдум за укинување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија од 2017 година. Согласно на одлуката на партискиот Извршен комитет во иницијативата се наведува дека референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Постапката треба да почне со собирање 100 потписи за отпочнување на граѓанска иницијатива која потоа ќе биде доставена до Собранието, а со цел овозможување на постапка за собирање на 150 илјади потписи од страна на граѓаните на Македонија. Први на списокот, според Мицкоски, ќе бидат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите, Мицкоски повика истовремено со референдумот да се распишат и предвремени парламентарни избори.

-Тоа што почнуваме постапка за распишување на задолжителен референдум за лошиот Договор со Бугарија не значи дека се откажуваме од барањето за предвремени избори. Напротив е одлична можност со референдумот на еден трошок да се организираат и избори, кажа Мицкоски.

Тој ги повика сите политички партии, без разлика на етничка припадност, или оние што се партиски неопределени, сите општествени чинители, невладини организации на обединување.

-Да се обединат семакедонски и да застанат против главниот проблем на нашата европска интеграција. Кога ќе се одржува овој референдум, ќе ги повикувам граѓаните да гласаат „за“ престанок на овој Закон, рече Мицкоски пред медиумите.

За да се распише задолжителен референдум потребно е да се соберат 150.000 потписи, а за да биде успешен треба да излезат да гласаат над 900.000 граѓани.

ДИК во наредниот период треба да ја достави иницијативата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа понатаму да продолжи до двете собраниски комисии – законодавмо-правната и таа за политички систем кои треба да утврдат дали е уредна.

Мицкоски го повика и претседателот Стево Пендаровски да ја почитува иницијативата и јавното мислење.

– Истиот Стево Пендаровски дури сугерираше референдумско изјаснување, па потоа плукаше, но ќе мора да ја почитува волјата на граѓаните кои имаат различно мислење од власта. Од ден на ден Пендаровски го губи достоинството да ја извршува функцијата претседател на сите граѓани, порача претседателот на најголемата опозициска партија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс
Вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Следна вест
Најубавата жена на Југославија починала заборавена како бездомничка

Најубавата жена на Југославија починала заборавена како бездомничка

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.