• Импресум
Saturday, August 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Најубавата жена на Југославија починала заборавена како бездомничка

07/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Најубавата жена на Југославија починала заборавена како бездомничка

Stanislav Sharp (Djordje Milekić), poznat po umetničkim portretima čuvenih ličnosti bivše Jugoslaviji za magazin Start.

Маргита Маги Стефановиќ била голема ѕвезда на Југославија, имала многу успешна кариера, но животот си поиграл со неа.

Животната приказна на големата ѕвезда завршена е со нејзината тажна смрт, починала како бездомничка.

Поминаа 20 години од смртта на популарната Маргита Маги Стефановиќ, член на рок-групата ЕКВ. Таа била симбол на убавина во Југославија, но нејзиниот живот добил трагични детали.

Интересно е тоа што ја добила титулата „црна принцеза“ на новиот бран музика, додека пак со текот на времето таа титула почнала да се претвора во реалност.

Од голема и успешна ѕвезда таа дошла до дом за бездомници, целосно заборавена и отфрлена од сите.

Уметничкиот талент го наследила од својот татко којшто бил театарски и ТВ режисер, Славољуб Стефановиќ-Раваси. Завршила музичко училиште каде се препознал нејзиниот голем талент и потенцијал.

Нејзиниот талент бил толку многу очигледен, па ѝ нуделе школување на престижниот конзерваториум во Москва. Нејзината мајка сметала дека Маги е премногу млада за такво нешто, па останала во Белград каде се запишала на Архитектонски факултет.
На почетокот на нејзината успешна кариера ја одбележала средбата со основачот на бендот Катарина II, Милан Младеновиќ во 1982. Нејзината појава и талент го воодушевиле Младеновиќ којшто веднаш ѝ понудил место во бендот.

Во 1984 година групата го издала својот прв албум по што тргнуваат на успешни турнеи. По промената на составот на бендот, поради тоа што заминал и носителот на името Катарина II, бендот го менува името во Екатерина Велика – ЕКВ.

Маги била една од најискусните членови во групата, а работела и многу други работи, како што се продуцентските и актерските работи. Нејзиното големо влијание на музиката на ЕКВ направило нејзиното име да стане синоним за истата.

Сепак, годините за успех поминале во сенка на борбата со тешките наркотици, како Маги така и останатите членови од бендот.

Нејзиниот мрачен период започнува по распаѓањето на групата кои сите со тага ја дочекале, па се чинело дека музиката ја држела во живот.

Без оглед на тоа што била ултра-успешна на професионален план, нејзиниот приватен живот станувал сè потажен. Се борела со зависност од дрога која ескалирала по смртта на нејзиниот татко. Таа се обидела на сите начини да се ослободи од порокот, но било очигледно дека нема назад.

Го продала семејниот стан, па на периферијата на Белград си купила два помали, остатокот од парите ги искористила за пат во далечната Индија. Имала голема желба во далечната земја да го смени својот живот, но сепак нејзината желба не се остварила.

Набрзо потоа се вратила во Белград и повлекла храбар потег којшто скапо ја чинел. Имено, Маги ги продала и двата стана, а потоа ги потрошила сите пари па останала на улица.

Последните години од животот ги поминала во напуштена гаража во предградието на Белград и центар за бездомници. Починала во 2002 година во клиниката за заразни болести во Белград на 43-годишна возраст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом
Вести

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Следна вест
РЕКТОРОТ МИЛЕНКОВСКИ – ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТИ

РЕКТОРОТ МИЛЕНКОВСКИ – ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТИ

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.