• Импресум
Tuesday, June 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

РЕКТОРОТ МИЛЕНКОВСКИ – ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТИ

14/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
РЕКТОРОТ МИЛЕНКОВСКИ – ЧЛЕН НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА УНИВЕРЗИТЕТИ

Денеска, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на професорите и на вработените им се обрати проф. д-р Хикмет Азизоглу, основач и претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот совет на универзитети со седиште во Анкара.

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, по предлог на проф. д-р Азизоглу, е избран за член на Одборот на директори, највисокото управно тело на Советот. Продолжувањето на оваа соработка, која започна во 2019 година, а која беше привремено прекината со пандемијата со Ковид-19, беше повод за посетата на проф. д-р Хикмет Азизоглу, писател, поет и хуманист по вокација, основач и претседател на оваа организација. Проф. д-р Азизоглу ја изрази својата благодарност до ректорот Миленковски за срдечниот пречек при посетата и за неговиот личен ангажман во Советот, а му се заблагодари и на целокупниот колектив на Универзитетот за продуктивните средби во текот на посетата.

Во своето обраќање во амфитеатарот на Универзитетот, проф. д-р Азизоглу истакна длабока увереност дека ректорот Миленковски, со своите лидерски способности и визија за развојот на образованието и на општеството во целост, ќе даде непроценлив придонес во работата на Советот. Водејќи се од личното убедување дека колку и да сме различни по бојата на кожата, религиската, политичката или етничката припадност, сепак сме сите членови на едно големо семејство – човештвото, проф. д-р Азизоглу нагласи дека токму Македонија е олицетворение на ова негово убедување, а туризмот е тој што овозможува културно зближување на различностите. Оттука и неговата убеденост дека ректорот Миленковски и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе одиграат клучна улога во работата на организацијата.

Мисијата на Меѓународниот совет на универзитети со седиште во Анкара, во кој членуваат над 500 универзитети од 35 држави од целиот свет, е да обезбеди форум за академска соработка на високообразовните институции од целиот свет промовирајќи размена на знаења и искуства и заеднички образовни иницијативи. Советот се рангира како петти по големина во светски рамки меѓу организациите со сличен карактер. Со него управува извршен одбор од 11 ректори, а во другите негови раководни тела се ангажирани докажани членови на академската заедница, но и такви што имаат важна улога во политичкиот живот во сопствената земја.

На следното генерално собрание на Меѓународниот совет на универзитети, кое ќе се одржи на 30 септември 2022 година во Анкара, ќе учествува и делегација од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Вести

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева
Вести

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи
Вести

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија
Вести

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
Следна вест
Има ли јунак во СДСМ кој ќе каже СТОП на самоволието на Џафери?

Има ли јунак во СДСМ кој ќе каже СТОП на самоволието на Џафери?

Најнови вести

ТИТАН Усје:  Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

Марш за почиста животна средина: „Стоп за Усје“ со повик до граѓаните

23/06/2026
Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

Постхумен орден „8 Септември“ за проф. д-р Наде Проева

23/06/2026
Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

Демонстрантите во Албанија бараат техничка влада и уставни реформи

23/06/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Попладне се очекуваат дожд, грмежи и засилен ветер

23/06/2026
Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

Времето се менува: Силен дожд, грмежи и ветер низ Македонија

22/06/2026
Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.