• Импресум
Friday, June 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

НА БЕНЗИНСКИТЕ КОЛОНИ, Бектеши тврди: Нема простор за ПАНИКА

03/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати. За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително имаме и согласно Агенцијата за стокови резерви и нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, нагласи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој, во гостувањето на дневникот на Сител ТВ, потенцираше дека создадената паниката е вештачки креирана ситуација.

– Треба да се провери како, дали е тоа од трговците со нафта и нафтени деривати или се дезинформации на портали. Ги уверувам сите граѓани дека тоа се целосно дезинформации – има нафта и нафтени деривати во нашата држава и залихите на компаниите се проверени од страна на Пазарниот инспекторат, а секако ги знаеме и податоците на државните резерви, истакна министерот за економија.

 

Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање околу поставените лимити за колку гориво може да наточи еден потрошувач и забраната за полнење во туби, наметната од страна на одредени трговци на мало, рече дека тоа е недозволиво.

– Јас разговарав со директорката на Пазарниот инспекторат – тоа е недозволиво да се направи, но не треба сами граѓаните да шират паника, да одат на бензински пумпи на ваков начин, бидејќи првично нема ништо да добијат од тоа. Во континуитет ќе има нафта и нафтени деривати и не треба сами да ја создадат кризата, затоа што кога не се купува согласно потрошувачката што е предвидена или повеќе или помалку, тоа може да создаде нарушување на пазарот. Значи, нема никаков проблем во делот на снабдувањето со нафта, бензин и други деривати, изјави Бектеши.

Министерот за економија додаде дека инспекторите од Пазарниот инспекторат се на терен и спроведуваат контроли.

Тој потсети дека во континуитет се снабдуваат сите трговци со нафта и нафтени деривати во нашата држава.

Претходно и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за МИА изјавија дека нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво.

– На тој начин си прават “залиха”, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочија од РКЕ.

Од Комисијата нагласија дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите.

– Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, додадоа од РКЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 4 март

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.