• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19

31/08/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19

Минатата недела, односно во периодот од 22 август до 28 август тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3 отсто во однос на минатата седмица. Процентот на позитивност се движел од 17,8 отсто до 33,6 отсто, просечно 27,9 отсто, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=758; 43 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 10 до 19 години (n=49; 2,8 отсто). Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 43 отсто во возрасната група од 10 до19 години).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.437 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 30,4 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=3.500). Во текот на минатата недела пријавени се 407 реинфекции, со намалување од 37,1 отсто во однос на претходната недела (n=647).

Пријавени се 12 смртни случаи, со намалување од 40 отсто во споредба со претходните седум дена. Најголем број од починатите се од Скопје (8), а пријавени се и по еден смртен случај од Валандово, Кратово, Охрид и Прилеп. Во однос на возрасната група 11 починати се над 60 години и еден починат од возрасната група од 50 до 59 години. Девет од пријавените случаи се починати во болнички услови и кај 11 се регистрирани коморбидитети.

Заклучно со 28.08.2022, пријавени се вкупно 339.881 случаи на COVID-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола.

Според извештаите од болниците, во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 случаи (нови приеми), а моментално се хоспитализирани 120 лица (за пет помалку во споредба со претходната недела.

Регистрирани се 9.477 смртни случаи. Најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 5.624 (59,3 отсто) смртни случаи кај лица од машки и 3.853 (40,7 отсто) кај лица од женски пол. Кај 7.602 (80,2 отсто) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни, дијабетес и белодробни. Од реинфекциите, 26 завршиле со смртен исход. Регистрирани се девет смртни случаи кај бремени жени и 41 смртен случај кај здравствени работници. Од смртните случаи, 818 (8,6 отсто) починале во вонболнички, а 8.659 (91,4 отсто) во хоспитални услови, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар
Вести

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап
Вести

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
Следна вест
Негативен природен прираст: Во второто тримесечје се родиле 4.379 бебиња а умреле 4.760 лица

Негативен природен прираст: Во второто тримесечје се родиле 4.379 бебиња а умреле 4.760 лица

Најнови вести

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Без вода делови од Скопје и селото Моране поради дефекти на водоводната мрежа

07/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Пронајден возачот кој ја прегази жената во Ѓорче Петров и побегна

06/08/2026
Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

ЦУК: Активни пожари кај Македонски Брод и Струмица

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Русите се жалеа, Путин одговараше: како помина четири и полчасовниот настап

Путин потпиша закон со нови ограничувања за Русите што живеат во странство

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.