Министерство за внатрешни работи информира дека вчера во Полициската станица во Струмица било пријавено дека во село Радичево е пронајден починат К.Г. (66), жител на истото село.
Според првичните информации, лицето од невнимание паднало во шахта во дворното место од својата куќа, соопштија денеска од СВР Струмица.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица. Случајот е евидентиран, а надлежните органи продолжуваат со постапување согласно закон.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













