Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје по наредба на Основното јавно обвинителство, потврдија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираа дека Николовски бил повикан на 7 мај во Единицата за економски криминал и корупција, а во тек се дополнителни активности поврзани со случајот.
Според информациите објавени во медиумите, Николовски се сомничи за злоупотреба поврзана со јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот додека бил министер за земјоделство. Се наведува дека набавката била спроведена спротивно на Законот за јавни набавки.
Од МВР засега не откриваат повеќе детали за предметот, но најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за развојот на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












