Њујорк Никс стигнаа до нов брејк во драматична завршница и се враќаат во „Медисон Сквер Гарден“ со водство од 2-0 во НБА финалето. Во Сан Антонио славеа со 105-104 по натпревар исполнет со пресврти и неизвесност до последната секунда.
Домашниот тим на Мајк Браун влезе во последната четвртина со предност од 12 поени, по силната игра во втората и третата четвртина, но Никс направија голем пресврт во финишот. Сан Антонио накратко поведе со тројката на Виктор Вембањама, но завршницата им припадна на гостите.
Во клучните моменти, Никс ја искористија грешката во нападот на противникот и повторно ја презедоа контролата, додека Вембањама промаши обид за победа во последните секунди.
Со оваа победа, Њујорк ја забележа тринаесеттата последователна победа во плејофот, со што се искачи меѓу најдобрите серии во историјата, зад Голден Стејт од 2017 година со петнаесет победи по ред.
Никс станаа трета франшиза која ги добила првите два натпревари од финалето на гостински терен, по Чикаго Булс од 1993 година и Хјустон Рокетс од 1995 година.
Њујорк го чека првиот шампионски прстен од 1973 година и сега има шанса да дојде до предност од 3-0 и три меч топки за титула.
Најдобар во победничкиот тим беше Карл Ентони Таунс со 21 поен, 13 скокови и четири асистенции, додека Микал Бриџис и Џејлен Брансон постигнаа по 20 поени. На спротивната страна, се истакнаа Вембањама со 29 поени и 9 скокови и Деарон Фокс со 20 поени и 5 асистенции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












