Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во скопската општина Ѓорче Петров, при што избувнал пожар, кој бил навреме изгаснат од членовите на семејството. Во инцидентот нема повредени лица.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен, настанот бил пријавен во 03:22 часот од 49-годишна жена. Според информациите, едното шише паднало во дворот, во близина на паркирано товарно возило, додека второто завршило на терасата од куќата, при што предизвикало пожар.
Пожарот бил изгаснат од членовите на семејството, а на местото на настанот бил извршен увид. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












