Од денес училиштата ќе имаат посебни протоколи и упатства како да постапуваат доколку имаат дојава за поставена експлозивна направа во објектот. Чести полициски патроли и забранет влез за надворешни лица се дел од новите протоколи кои треба да бидат спроведени.
Владата во соработка со МОН, Бирото за јавна безбедност и МВР, меѓу другото инфомираат дека доколку има дојава за бомба ќе бидат спроведени и антитерористички проверки без да се наруши образовниот процес.
Министерот Оливер Спасовски пак, откри дека заканите за бомби доаѓаат од адреси во Русија и Иран, а заканувачите ги плаќаат услугите со криптовалути, токму поради тоа се отежнува нивното пронаоѓање.