Од денеска стапуваат во сила нови правила за плаќање на патарините во Македонија, со кои се менува начинот на користење на лентите за електронска наплата.
Според новите правила, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски тагови. За разлика од досегашната практика, на овие ленти повеќе нема да биде овозможено плаќање со MCard.
Возачите кои користат MCard ќе треба наплатата да ја вршат на останатите достапни ленти на наплатните станици, во согласност со нивната намена.
Од Јавното претпријатие за државни патишта апелираат до учесниците во сообраќајот внимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на наплатните станици, со цел да се избегнат непотребни застои и да се овозможи побрз проток на возила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












