Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ја започнува својата дводневна официјална посета на Северна Македонија, во рамки на која ќе оствари повеќе средби со претставници на државниот и локалниот врв.
Според најавите, Бегај денеска ќе се сретне со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, каде што ќе му биде приреден свечен прием. Од Општина Чаир информираат дека посетата се реализира во насока на унапредување на институционалната соработка и зацврстување на билатералните односи меѓу двете земји.
По средбата, албанскиот претседател заедно со делегацијата ќе ја посети џамијата „Мустафа Паша“, а потоа ќе прошета низ Старата скопска чаршија, каде ќе положи цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег. Настанот ќе биде проследен со изведба на националната химна и културно-уметничка програма во изведба на Државниот ансамбл.
Утре, претседателот Бегај ќе биде официјално пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по што се предвидени средби со претставници на државниот врв.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










