• ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Thursday, March 23, 2023
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот за влада на Ковачевски

29/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Ковачевски избран за мандатар, нова влада најдоцна до средината на јануари

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Настанот најавен од претседателскиот кабинет за во 13 часот ќе може да се проследи во живо на фејсбук страницата и јутјуб каналот на претседателот Пендаровски.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што почна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада.
Централниот одбор на СДСМ на седницата во понеделникот официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер.

Ковачевски синоќа изјави дека нема да ги користи целосните уставни рокови за формирање, туку планира предлог составот на владата да биде поднесен на 11 јануари по што согласно роковите, да биде закажана седницата за избор на новата влада.

Откако ќе го добие мандатот за формирање нова влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. Разговори за составот на новиот владин кабинет, како што најави, ќе има веќе од денеска, по што ќе го направи изборот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера изјави дека согласно целата постапка за избор на нова влада, таа би ја преземала функцијата на 17 јануари 2022 година.
„Од моментот со давање на мандатот, претседателот на државата според член 210 од Деловникот треба да го извести претседателот на Собранието за давање на мандатот за да почнат роковите во Собранието. Мандатарот во рок од 20 дена од приемот на мандатот, значи не подоцна од 20-тиот ден од приемот на мандатот, треба да излезе пред Собранието со предлог персонален состав на новата влада и програма за работа на владата“, изјави Џафери, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата кога би се случил изборот на нова влада.
Џафери изрази надеж дека мандаторот нема да оди во крајните рокови, имајќи ги предвид, како што рече, сите преговарања што се направени претходно и сите најави по однос на евентуални поединечни персонални решенија коишто беа изнесени во јавноста.

„Во секој случај, варијантите за организација на работата на Собранието се предвидени, и ако е тоа крајниот рок – 20-тиот ден, а и ако е пократок рокот. Во моментот кога ќе се добие персоналниот состав и програмата на владата, тогаш почнува рокот на Собранието, во рок од 15 дена од тој момент да се свика седница за избор на влада. Седницата трае два дена. Вториот ден, пред 24 часот треба да се гласа за нова влада и очекувам некаде 10-ти – 11-ти да добијам предлог состав на владата и програма и врз основа на консултации со пратеничките групи кои се во Собранието, да се определи датум за одржување седницата. Најверојатно тоа ќе биде 15-ти, 16-ти јануари, односно ако се добие предлогот на 10-11, 15-16 да се одржи дебата два дена, вториот ден на 16, пред 24 часот да се изгласа новата влада, која на 17-ти изутрината би ги презела функциите во министерствата, односно во владата како тим со мандати и со сите овластувања коишто произлегуваат од одлуката со избор“, појасни Џафери.

Според претседателот на Собранието, новата влада има мнозинство од 64 пратеници и тоа фактички ќе го покаже гласањето.

Процесите околу формирањето на новата влада беа меѓу темите и на средбата на Ковачевски со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз, а на која упати благодарност до САД за постојаната поддршка кон државава и сите нејзини граѓани. Ковачевски истакна, соопштија од СДСМ, дека како претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада тој ќе се води од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, а тоа ќе го бара и од неговите соработници.

„Мојот став и принцип е нула толеранција за корупција на секое ниво, особено за носителите на високи, јавни функции. За таа цел, ќе се посветам на јакнеење на капацитетите на институциите кои се борат против корупцијата. Ефикасно, одговорно и посветено“, посочи Ковачевски.

Во однос на прашањето со Бугарија и евроинтеграцијата, оцени дека е потребно да се најде заедничко прифатливо решение, со цел да се оттргне блокадата и Македонија конечно да ги започне преговорите со ЕУ, нешто што одамна го заслужи.

„Ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Остануваме посветени на наоѓање решение со соседна Бугарија за да продолжи нашиот европски пат. По изборот за премиер ќе го поканам господинот Петков да ја посети нашата земја. За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение. Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања“, рече Ковачевски.

Амбасадорката Брнз му честитала на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ, порачувајќи дека САД продолжуваат да бидат најголемиот стратешки партнер на Македонија, како во делот на спроведувањето на реформите, така и во евроинтеграцискиот процес.

За да биде избран, за предложениот владин кабинет на Ковачевски треба да гласаат најмалку 61 пратеник во Парламентот. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред 19 години на денешен ден земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ
Вести

Пред 19 години на денешен ден земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

22/03/2023
Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно
Вести

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

22/03/2023
Теодосиј Гологанов сака да се откаже од својата улица во Скопје
Вести

Теодосиј Гологанов сака да се откаже од својата улица во Скопје

22/03/2023
Две љубовници се тепале за Горан Бреговиќ во Париз
Забава

Две љубовници се тепале за Горан Бреговиќ во Париз

22/03/2023
Денес покрај Младенци, се празнуваат и овие светители
Живот

Денес покрај Младенци, се празнуваат и овие светители

22/03/2023
Сајкоски му одговари на Груби: Нема да поддржиме уставни измени!
Вести

Сајкоски му одговари на Груби: Нема да поддржиме уставни измени!

22/03/2023
Следна вест
Kарлеуша шмекерски му одговори на Бака Прасе, за неговите неавреди

Kарлеуша шмекерски му одговори на Бака Прасе, за неговите неавреди

Најнови вести

Најскапиот дворец во светот е во Лондон и се продава за 285 милиони евра

Најскапиот дворец во светот е во Лондон и се продава за 285 милиони евра

22/03/2023
Пред 19 години на денешен ден земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

Пред 19 години на денешен ден земјава го поднесе барањето за членство во ЕУ

22/03/2023
Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

22/03/2023
Теодосиј Гологанов сака да се откаже од својата улица во Скопје

Теодосиј Гологанов сака да се откаже од својата улица во Скопје

22/03/2023
„Бело дугме“ ја стави на албум „Косовката девојка“ (ФОТО)

„Бело дугме“ ја стави на албум „Косовката девојка“ (ФОТО)

22/03/2023
Најдебели во ЕУ се Хрватите

Најдебели во ЕУ се Хрватите

22/03/2023
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.