Кој е успехот на хармоничните бракови?
Што прават луѓето во успешни врски поинаку од оние во неуспешни врски? Прашање кое често се поставува.
Од 1970-тите, психологот д-р Џон Готман и неговиот тим проучувале илјадници парови за да видат што точно прават луѓето во нивните врски и паровите ги следеле со години.
Нивното истражување покажало дека паровите кои раскинуваат во рок од шест години од бракот имаат слични навики:
Тежок почеток на разговорот
Првите три минути од разговорот се показател како ќе заврши тој разговор. Значи, ако разговорот започне нежно, тогаш поверојатно е дека разговорот ќе продолжи да се движи во блага и позитивна насока.
Но, ако разговорот почне грубо, веројатно ќе заврши на ист начин. Остриот почеток обично го вклучува зборот „секогаш“ или „никогаш“. На пример: „Никогаш не помагаш дома“ или „Секогаш си на телефон!“ Груб почеток на разговор обично воведува тешки теми, проследени со критики, пишува Mind Body Green.
Поплава од негативни чувства
Како што парот се’ повеќе се вклучува во циклусот на негативни конфликти, тие почнуваат да го доживуваат она што се нарекува „поплава“. Поплава настанува кога постојано сме изложени на стрес и конфликти. Нашето тело почнува да ослободува хормони на стрес кои влијаат на нашата способност да бидеме во врски и да ги решаваме конфликтите со другите луѓе.
Ова ги наведува луѓето да се борат, да бегаат или да се замрзнат во нивните конфликти. Кога паровите можат да ја надминат својата поплава преку паузи и самосмирување, тоа не станува хронично и тие можат да ги неутрализираат ефектите. Меѓутоа, кога паровите не знаат како да прават паузи и самосмирување, нивната врска често станува понесреќна со текот на времето.
Проблеми со говорот на телото
Говорот на телото е важен во нашите односи. Нашиот партнер автоматски, понекогаш сосема ненамерно го скенира нашиот говор на телото во потрага по навестувања за тоа како се чувствуваме. Паровите кои имаат затворен и заканувачки говор на телото меѓу себе ја подготвуваат својата врска за конфликт.
Обид за поправање
Сосема природно е паровите одвреме-навреме да се судираат. Паровите кои одлучуваат да се разведат имаат многу помалку обиди да ја поправат својата врска.
Фокусирање на лошото
Среќните парови поминуваат време зборувајќи за убавите моменти. Тие споделуваат спомени од нивните омилени одмори, како се запознале и што ги поврзувало. Кога работите стануваат тешки, тие имаат тенденција да ги негираат тешките работи со добри работи. На пример: „Леле, ова е навистина тежок месец… но имавме толку многу добри години заедно. Знам дека и тоа ќе го преживееме“.
Несреќните парови имаат тенденција да поминуваат повеќе време фокусирајќи се на тоа каде работите тргнале наопаку. Нивните мисли и разговори ќе бидат повеќе насочени кон лоши детали.