• Импресум
Wednesday, May 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Петрушевски: Дали Коцевски бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките со кои е прислушкуван Мицкоски, новинари и бизнисмени?

02/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Петрушевски: Дали Коцевски бил одговорен да го следи издавањето на ПИ мерките со кои е прислушкуван Мицкоски, новинари и бизнисмени?

СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ, и Агенцијата за разузнавање, го прислушкувале претседателот Христијан Мицкоски, новинари, и бизнисмени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДС, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените.

Ова е скандал кој е од невидени размери. И тоа токму од партијата која на власт дојде со проект “Вистината за Македонија”. 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна.

СДС како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ. И сега сигурно ќе се правдаат со разно разни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Но, реалноста е болна, а тоа е дека употребувале државен апарат за политичка елиминација“, потенцира во изјавата.

Тој додаде дека според сознанијата кои ги имаме претседателот Мицкоски, неосновано и со една единствена цел, политичка елиминација бил ставен на оперативна обработка од страна на службите кои ги водели кадри на СДС.

„АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу го следеле претседателот Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото делување.

Следењето на политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години.

Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС.

Овие сознанија кои ги имаме ние, но и во многу подетална форма, поткрепена со факти ги има и ЈО.

Наместо молк, очекуваме одговори, и одговорност. Наместо летаргија, одлучна акција“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој постави прашања на кои мора да одговорат се:

1. Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИМ мерките од 2019-та до 2024-та година? Дали е всушност сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе кои прислушкувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.

2. Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?

Бараме ЈО итно, и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС. Тоа што во Македонија било пракса 5 години, а од кое му се гади на секој нормален човек мора да биде казнето и никогаш да не се повтори, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градежна офанзива во Скопје – Север, се реконструираат улици на основното училиште
Вести

Градежна офанзива во Скопје – Север, се реконструираат улици на основното училиште

13/05/2026
Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, а ќе се градат ново училиште, детска градинка и спортска сала
Вести

Хуманоста на дело: Донации од општина Гази Баба за самохрана мајка на три мали деца

13/05/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Градоначалникот на Карпош е на боледување и не поднел оставка, тврди премиерот Мицкоски

13/05/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Прекин на електрична енергија во Старата скопска чаршија

13/05/2026
Облачно со слаб ветер
Вести

УХМР најавува нестабилно време: Следуваат врнежи, грмежи и засилен ветер

13/05/2026
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните
Вести

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

13/05/2026
Следна вест
Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција во Македонија

Мицкоски: Прислушкувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Најнови вести

Градежна офанзива во Скопје – Север, се реконструираат улици на основното училиште

Градежна офанзива во Скопје – Север, се реконструираат улици на основното училиште

13/05/2026
Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, а ќе се градат ново училиште, детска градинка и спортска сала

Хуманоста на дело: Донации од општина Гази Баба за самохрана мајка на три мали деца

13/05/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Градоначалникот на Карпош е на боледување и не поднел оставка, тврди премиерот Мицкоски

13/05/2026
Половина Скопје утре без струја

Прекин на електрична енергија во Старата скопска чаршија

13/05/2026
Облачно со слаб ветер

УХМР најавува нестабилно време: Следуваат врнежи, грмежи и засилен ветер

13/05/2026
Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

Ѓорѓиевски по случајот со волкот во Козле: Ова е сериозна опасност за граѓаните

13/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.