• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Почнува 19. „Танц фест“

04/04/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Почнува 19. „Танц фест“

„Танцувајќи создаваме иднина!“ е мотото на 19-тиот фестивал „Танц фест 2023“ кој ќе биде отворен вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар.

За поддршката на современиот танц, на отворањето ќе бидат доделени наградите „Менада“ на Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија, со кој Културниот центар „Интерарт“ соработува 15 години. Со поддршка на овој холандски универзитет е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој од 2017 година работи Катедрата за современ танц.

Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф, и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска.

По доделувањето на наградите, публиката ќе има можност да ја види претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу нашата држава и Холандија.

-Гостувањето на оваа извонредна компанија, со млади и несекојдневно талентирани танчери, е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе ни донесе повеќе кореографии, од осум истакнати светски кроеографи, како Ед Вубе, Кит Рандолф, Рој Асаф, Андонис Фониадакис, Мациеј Кузмински, Јарек Чемерек, Лоранд Захар и Весел ван Острум. Со настапот на интернационалниот состав од осумнаесет танчари на сцената, ќе можеме да уживаме во извонредната техника, софистицираност и експресивност која оваа претстава ја нуди, низ пејзажи на емотивен набој и креација, соопшти „Танц фест“.

Соработката со Кодартс, Рисима Рисимкин ја воспостави пред петнаесет години, во тоа време соработувајќи со Самуел Вуерстен, кој беше уметнички директор на Ротердамската академија за современ танц.

-Таа конекција го смени текот на историјата на современиот танц кај нас и придонесе за развој на универзитетска програма за оваа уметничка категорија, како и формирањето на Скопје танцовиот театар, кој за само 10 години стана извонредно познат во светски размери и кој минатата година гостуваше на една од најпретсижните светски сцени – во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Оваа соработка продложува да живее и, на голема радост на публиката на фестивалот, повторно ќе ги видиме младите „ѕвезди на иднината“ како што ги нарекува холандската и светската критика, додава организаторот на фестивалот.

„Танц фест“ е поддржан од Министерството за култура, амбасадите на Холандија и САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумски партнери.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум
Вести

„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

04/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми
Вести

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Зошто е важно да имате мал ритуал по завршувањето на работата?

30/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Следна вест
Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата

Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.