Saturday, July 4, 2026

Полицијата го ограничува движењето на новинарите пред црквата Свети Спас

Владата продолжува да го ограничува движењето и работата на новинарските екипи кои од утрово sevдојдени пред црквата Свети Спас во Скопје на одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Според распоредот испратен претходно од полицијата до медиумите не беше наведено дека и во слободната зона каде што новинарските екипи се акредитрани ќе има ограничено движење за нив. Во црквата е дозволен влезот на фоторепортерите и на снимателите, но само еднаш – ако влезат нема излегување до завршување на доаѓањето на делегациите.

Новинарите велат дека најголемите проблеми ги предизвикуваат владините претставници, кои на полицијата им даваат необични упатства како да ги насочуваат новинарите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Најнови вести