Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потпиша меморандум за соработка со градоначалниците на општините Кисела Вода и Илинден, со кој се предвидува изградба на нови полициски станици во овие две општини.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, документот ги дефинира насоките за институционална соработка и реализација на проекти од јавен интерес, во согласност со законската регулатива за урбанистичко планирање и градење.
Во рамки на договореното, за првпат е планирана изградба на полициска станица во општина Илинден, како и нов објект во Кисела Вода. Очекувањата се дека со овие инвестиции ќе се зголеми присуството на полицијата, ќе се подобри ефикасноста во работењето и ќе се овозможи побрза реакција на терен.
Соработката ќе се реализира преку заеднички проектни активности и иницијативи, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на услугите кон граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












