• Импресум
Friday, May 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Потпишана декларација за обединување од Гаши, Касами, Таравари и Меџити

17/02/2024
A A
“Судот ќе одлучи кој ќе ја води партијата“

Членство во ЕУ, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, радикални реформи во подобрувањето на животниот стандард – вака гласи декларацијата албанските опозициски сили кои се обединија заедно со Алијанса за Албанците во коалиција „ВЛЕН“. Арбен Таравари официјално се приклучи на екипата на Меџити, Гаши и Касами. Промената што доаѓа е промената што вреди – гласи паролата на сојузот.

– Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозицски партии првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок. „Влен“ значи вреди – вреди да се гласа – изјави Таравари.

Претседателот на БЕСА порача дека сега е историскиот момент кога се случуваат промени кои ќе го вратат достоинството на Албанците. Европскиот сојуз кој застана зад кандидатурата на Таравари за претседател на Македонија, сметаат дека првиот албански претседател ќе биде симбол и резултат на моќта на обединувањето.

Во овој момент, сите заедно ја запечатуваме нашата иднина, која е полна со надеж, која ќе се гради врз темелите на демократијата. Сојузот е едно од најголемите обединувања на Албанците на Балканот. Вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува олдучноста, револуционерниот дух и волјата за промени кај албанскиот народ – рече Касами.

Лидерите на четирите партии порачаа дека денешната декларација е платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оцениле дека е дојдено времето за голема политичка промена. На собирот ги повикаа сите луѓе, без разлика, млади неопределени, очајни активисти аналитичари да се придружат на промената што доаѓа. На декларацијата потпис стави и Беким Ќоку, инаку советник на косовскиот премиер Албин Курти, чија партија исто така е соработник на коалицијата „Влен“.

Со ова Таравари ја официјализираше соработката со албанската опозиција, иако неговата наклонетост кон опозициските сили предизвика разнишување на односите во Алијанса за Албанците и поделеност на партијата на две крила – крилото на Таравари и крилото на Села.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените
Вести

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска
Вести

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители
Вести

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25
Вести

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Денеска сончево, со натпросечни температури
Вести

Температури до 31 степен: Стабилно време пред нова промена

29/05/2026
Следна вест
КОВАЧЕВСКИ ЌЕ ЖРТВУВА ФУНКЦИОНЕРИ И ВРАБОТЕНИ ОД СДСМ за да ДУИ да прифати коалиција со нив

Ковачевски: После 17 години чекање, отпочнавме преговори со ЕУ, од заробена, денес сме демократска држава

Најнови вести

Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Денеска сончево, со натпросечни температури

Температури до 31 степен: Стабилно време пред нова промена

29/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.