Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во финалето на тенискиот турнир во Порто, откако беше принудена да го предаде полуфиналниот меч против Американката Кроули.
Американската тенисерка го доби првиот сет со 7:5, а во вториот поведе со 3:0, по што македонската тенисерка поради проблем не можеше да го продолжи натпреварот и реши да се повлече.
И покрај поразот, турнирот во Порто претставува уште еден солиден настап на Ѓорческа на почетокот од сезоната. Се очекуваат информации за нејзината здравствена состојба, со надеж дека не станува збор за посериозна повреда пред следните турнири од календарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












