Манчестер јунајтед и фудбалската репрезентација на Данска ќе мораат подолг период да се снаоѓаат без Патрик Доргу. Данскиот офанзивец се повреди на задната ложа на десната нога за време на дербито против Арсенал, по што беше принуден да го напушти теренот во второто полувреме.
Иако од клубот сè уште нема официјална медицинска потврда, угледниот „Атлетик“ објави дека паузата би можела да трае и до десет недели, што практично значи дека Доргу речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналниот бараж-дуел против Македонија за пласман на Светското првенство 2026.
Фудбалерот беше еден од најдобрите поединци на „црвените ѓаволи“ во првите два натпревари под водство на привремениот менаџер Мајкл Карик, постигнувајќи голови против Манчестер сити и Арсенал. Карик го користеше на позицијата лево крило, за разлика од претходниот период кога под водство на Рубен Аморим настапуваше како лев бек.
Доколку прогнозите за должината на опоравувањето се покажат како точни, Доргу ќе ги пропушти најмалку следните осум натпревари на Манчестер јунајтед, а можно е на терен да се врати дури по мартовската репрезентативна пауза. Тоа претставува сериозен хендикеп и за данската селекција во пресметките со Македонија во баражот за Мундијалот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












