По паузата од четири дена по скопските средни училишта повторно стасале дојави за подметнати експлозивни направи. Денеска околу 14.30 часот итно се евакуирани учениците од скопските гимназии „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Јосип Броз Тито“ во скопската општина Центар. На учениците им било наложено веднаш да ги напуштат училишните згради.
Меил со нова дојава за поставена бомба добила скопската гимназијата „Никола Карев“. И таму на учениците им било кажано да си заминат од училиште, а на родителите им била испратена порака од класните раководители дека децата се испратени дома.
Од МВР информираат дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
-Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Последните дојави за подметнати аксплозивни направи во скопските средни училишта се примени во петокот. Полициските проверки тогаш покажале дека дојавите биле лажни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












