Пожар избувнал вчера попладне во кујната за подготовка на готвени јадења, која се наоѓа во склоп на маркет на подрачјето на Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 16:25 часот, а пожарот настанал околу 16:00 часот.
Во инцидентот нема повредени лица, а огнот бил брзо локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје.
На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












