Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, бил крајно незадоволен од пристапот на своите фудбалери во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши без победник, 2:2.
Португалскиот стратег остро ги критикувал своите играчи поради опуштеноста која, според него, му дозволила на противникот да се врати во натпреварот.
Реал Мадрид на паузата замина со предност од 2:1, а во првиот дел имаше и неколку можности да ја зголеми разликата и порано да го реши прашањето околу победникот. Сепак, во второто полувреме сликата на теренот се промени.
Фиорентина ја искористи намалената концентрација на мадридскиот тим, а Мојсе Кин во 58. минута го постигна голот за конечни 2:2.
Според шпанскиот весник „АС“, Мурињо не го сокрил незадоволството и за време на паузата за освежување упатил остри критики кон своите фудбалери. Тој бил лут поради преголемата самодоверба и падот на интензитетот во играта.
Тренерот на Реал веднаш побарал од играчите да го зголемат ангажманот, да ја вратат концентрацијата и повторно да воспостават контрола врз натпреварот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












